Стојановски: Со ребалансот се обезбедуваат стабилни финансии и подобар животен стандард на сите граѓани

Стојановски: Со ребалансот се обезбедуваат стабилни финансии и подобар животен стандард на сите граѓани

пред 7 часа

Мартин Стојановски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет истакна дека ребалансот на буџетот обезбедува услови Македонија да продолжи по патот на економскиот раст, стабилни финансии и подобар животен стандард на сите граѓани.

„Денес расправаме за ребаланс во буџетот во период кога светската економија се соочува со многу сериозни предизвици за кои сме свесни и сите ние. Геополитички тензии и конфликтите во повеќе региони, нестабилноста на меѓународните пазари и растот на цените на енергенсите, инфлацијата која расте во сите држави создаваат дополнителен притисок врз сите економии, вклучително и врз македонската. Сепак и покрај ваквите околности македонската економија покажува отпорност и стабилност. Тоа го потврдуваат и официјални податоци, но тоа го гледаат и самите граѓани на терен. А сега малку да зборуваме и да си кажеме и за бројки. Во првиот квартал од 2026 година, бруто домашниот производ оствари реален раст од 3,1%, а проекцијата за целата година е со раст од 3,5% “ кажа Стојановски и додаде:

„Особено е важно што овој раст не се темели само на еден сектор. Услужните дејности забележаа раст од 3,6%. Градежништвото од големи 7,2%, а земјоделството од 2,2%. Тоа значи дека економската активност се движи во повеќе сегменти истовремено и дека самиот развој веќе има и поширока основа. Градежништвото повторно се потврдува како еден од главните двигатели на економскиот раст во Македонија. Нискоградбата бележи раст од 24,5%. а специјализираните градежни активности од 17,5%. Овие резултати се директна последица на реализација на капиталните инвестиции, изградбата на патиштата, комуналната инфраструктура, енергетски проекти, инвестиции што се реализираат и преку општините“, истакна Стојановски.

Стојановски нагласи дека денес македонската економија создава нови проекти, инвестиции кои носат подобри услови за граѓаните и развој во стопанството

„Ова е едно ново време на македонската економија која создава нови проекти, инвестиции кои носат подобри услови за граѓаните и развој во стопанството. Во исто време бележиме и раст на животниот стандард на граѓаните. Приватната потрошувачка бележи реален раст од 2,6% како резултат на повисоките примања на домаќинствата. Просечната нетоплавите четири месеци е повисока за 7,8% односно реални 3,5%, додека пензиите се зголемени за високи 11,8%. Тоа се резултати кои граѓаните ги чувствуваат секојдневно. Финансискиот сектор исто така испраќа позитивни сигнали. Во мај корпоративните кредити пораснаа за 15%, а кредитите за домаќинствата за 12,5%. Тоа покажува дека компаниите инвестираат и имаат доверба во институциите и политиките кои се водат од страна на истите, а граѓаните имаат поголема доверба во економските движења“, нагласи Стојановски.

Стојановски посочи и на позитивните резултати во надворешната трговија.

„Добри резултати има и во надворешната трговија. Во првиот квартал извозот на стоки и услуги се зголеми за 6,2% додека само во април извозот за стоки порасна за 16,4%. Тоа е доказ дека македонските компании успешно се натпреваруваат и на странскиот пазар и покрај забавувањето на дел од европските економии, македонската економија не застанува и тоа е она што треба да бидеме сите заедно горди. Дополнително охрабрува и фактот што странските директни инвестиции достигнаа високи 218,6 милиони евра, што претставува раст од 46,8% во однос на истиот период минатата година. Ова е силна порака дека довербата на инвеститорите во македонската економија расте и дека политиките што ги спроведува владата на Македонија даваат позитивни резултати“ истакна Стојановски додаде:

„Токму затоа почитувани колеги, ребалансот што денес го разгледуваме е насочен кон задржување на макроекономската стабилност, но и забрзување на економскиот раст. Главен носител на растот ќе бидат инвестициите за кои се проактивира проектира реален раст од 7,2% пред се преку капиталните инвестиции, инфраструктурните проекти и поддршката на општините. Почитувани колеги, овие бројки сите знаеме дека не се статистика. За нив стојат проекти од нови патишта, нови училишта, нови градинки, подобра инфраструктура, нови инвестиции, нови работни места и нови и подобри услови за живот на сите наши граѓани. Затоа сметам дека предложениот ребаланс е развоен, реален и одговорен“, кажа Стојановски.

Стојановски посочи и на тоа дека ребалансот обезбедува услови Македонија да продолжи по патот на економскиот раст, стабилните финансии и подобар животен стандард на сите граѓани.

„Ребалансот обезбедува услови Македонија да продолжи по патот на економскиот раст, стабилни финансии и подобар животен стандард на сите граѓани. Вие истите сега што сте најгласни против овој буџет ја поделив, ја водевте Македонија кон дно, а тоа граѓаните го видоа во вашето време, го гледаат и сега. Ќе дојде ден кога повторно ќе се уверите во тоа што она јас денеска говорам, а граните ќе решат повторно со уште поголем неуспех за вас“, заклучи Стојановски.

Текстот Стојановски: Со ребалансот се обезбедуваат стабилни финансии и подобар животен стандард на сите граѓани е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top