Храната и транспортот поевтини во јуни во споредба со мај, поскапеа спортот, културата, рестораните и покуќнината

Храната и транспортот поевтини во јуни во споредба со мај, поскапеа спортот, културата, рестораните и покуќнината

пред 4 часа

Инфлацијата во јуни 2026 година, мерена преку индексот на трошоците на животот, во однос на мај изнесува -0,5 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголемо месечно намалување на трошоците на животот во јуни е забележано кај транспортот, за 1,6 отсто, и кај храната и безалкохолните пијалаци, за 1,1 отсто.

Од друга страна, трошоците за рекреација, спорт и култура се зголемени за 1,4 отсто, а за лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0,5 отсто.

Покуќнината, опремата за домаќинствата и редовното одржување на домаќинствата, како и рестораните и услугите за сместување, поскапеле за 0,3 отсто. Зголемување од 0,2 отсто е регистрирано кај здравствената заштита и информациите и комуникациите, а облеката и обувките поскапеле за 0,1 отсто.

Трошоците за алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, услугите за образование и осигурувањето и финансиските услуги останале на исто ниво како во мај.

Индексот на цените на мало во јуни во однос на мај изнесува 99,2, што претставува месечно намалување од 0,8 отсто.

Во однос на јуни минатата година, трошоците на животот се зголемени за 3,4 отсто, а цените на мало за 3,6 отсто

Во првите шест месеци од 2026 година, во споредба со истиот период лани, индексот на трошоците на животот е повисок за 4,1 отсто, покажуваат податоците од табелата на ДЗС.

Текстот Храната и транспортот поевтини во јуни во споредба со мај, поскапеа спортот, културата, рестораните и покуќнината е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top