Општина Прилеп: Фудбалската еуфорија продолжува – вечерва ново заедничко следење на натпреварите на Камена бина

Општина Прилеп: Фудбалската еуфорија продолжува – вечерва ново заедничко следење на натпреварите на Камена бина

пред 3 часа

Општина Прилеп ги поканува сите љубители на фудбалот и добрата атмосфера и вечерва да бидат дел од заедничкото следење на натпреварите на Камена бина.

Според објавата, вечерва на големиот екран ќе бидат прикажани два интересни натпревари. Во 18:00 часот ќе се сретнат Аргентина и Египет, а од 22:00 часот ќе играат Швајцарија и Колумбија.

Настанот нуди можност за заедничко навивање во пријатна атмосфера, со голем екран и дружење на отворено, продолжувајќи ја традицијата на организирано следење на спортските случувања во Прилеп.

Од Општина Прилеп ги повикуваат граѓаните да дојдат, да навиваат и да уживаат во уште една вечер исполнета со фудбал и позитивна атмосфера на Камена бина.

Share
Scroll to Top