Градоначалничката на Општина Кисела Водa, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска направи увид во почетокот на градежните активности за изградба на нова водоводна мрежа на улицата „Речиште 1“, во Драчево.
Со овој инфраструктурен проект, чија реализација е целосно финансирана од Општина Кисела Вода, се поставуваат нови водоводни цевки во должина од 310 метри. Дополнително, општината ги покрива и трошоците за изведба на приклучоци за водомери, со што домаќинствата од овој дел на општината добиваат сигурно и стандардизирано водоснабдување, соопштија од општината.
-Денеска сме на улицата „Речиште 1“, во Драчево, каде започнуваме со изградба на нова водоводна мрежа. Со овој зафат решаваме еден горлив проблем, бидејќи недостигот на основна водоводна инфраструктура не смее да биде дел од денешницата. Семејствата од овој дел на општината добиваат соодветен пристап до вода за пиење и нови приклучоци за водомери. Општина Кисела Вода во целост ја финансира реализацијата на овој проект, потврдувајќи ја нашата стратешка определба за инвестирање во решенија кои суштински го унапредуваат секојдневието на граѓаните-изјави Стаменкоска Трајкоска.
Текстот Општина Кисела Водa: Се гради нова водоводна мрежа на улица „Речиште 1“ е превземен од МАКФАКС.





