Проданоски: Прилеп е горд на младите уметници – тие се чувари на македонската традиција

Проданоски: Прилеп е горд на младите уметници – тие се чувари на македонската традиција

пред 2 часа

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на концертот „Како дишам јас“, на кој Сергеј Настески заедно со своите колеги приреди музичка вечер исполнета со автентичниот звук на македонската народна традиција.

Во својата објава, Проданоски истакна дека младите музичари со својата енергија, талент и посветеност покажале дека народната музика има значајно место и кај новите генерации.

„Посебно радува што токму млади уметници од нашиот град создаваат настани кои ја негуваат и промовираат македонската култура. Тие се вистински пример дека со труд, знаење и љубов кон традицијата може достоинствено да се претставува Прилеп“, порача градоначалникот.

Тој нагласи дека локалната самоуправа има обврска да биде поддршка на младите таленти, да ги охрабрува и да вложува во нивниот развој, бидејќи тие со својата работа го збогатуваат културниот живот на градот.

На крајот, Проданоски им упати честитки на Сергеј Настески, неговите колеги и сите учесници за успешно организираната музичка вечер, посакувајќи им уште многу успешни настапи и нови достигнувања.

„Прилеп се гордее со вас!“, истакна Проданоски.

Share
Scroll to Top