Македонскиот документарец испиша историја – „Приказната за Силјан“ номинирана за две „Еми“

Македонскиот документарец испиша историја – „Приказната за Силјан“ номинирана за две „Еми“

пред 2 часа

Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, испиша нова страница во македонската филмска историја, откако доби две номинации за 78. издание на престижните телевизиски награди „Еми“.

Станува збор за прво македонско филмско остварување кое е номинирано за овие престижни признанија, што претставува историски успех за домашната кинематографија и значајна афирмација на македонската документаристика на светската сцена.

„Приказната за Силјан“ ќе се натпреварува во категориите „Исклучителна вредност во документарното филмско творештво“ и „Извонредна кинематографија за документарна програма“, при што втората номинација се однесува на директорот на фотографија Жан Дакар и неговиот визуелен придонес во филмот.

Со овие две номинации продолжува успешниот меѓународен пат на документарецот. Годинава филмот ја освои и наградата од публиката на Cinema Eye Honors, каде беше избран за најдобар во конкуренција на документарни филмови од повеќе земји.

Успесите на „Приказната за Силјан“ започнаа уште минатата година, кога филмот беше квалификуван за разгледување за престижната награда „Оскар“. Воедно, правата за филмот ги откупи National Geographic Documentary Films, по што продолжи да бележи успеси и да добива признанија на бројни меѓународни филмски фестивали.

Свеченото доделување на наградите „Еми“ ќе се одржи на 14 септември во Peacock Theater во Лос Анџелес, додека церемониите за Creative Arts Emmy Awards се закажани за 5 и 6 септември.

Share
Scroll to Top