По денешниот состанокот на централното раководство, „Вреди“ со порака дека односите со Албанија, институционалната комуникација и меѓуалбанската соработка не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси.
Албанците во Северна Македонија, Албанија, Косово и регионот имаат потреба од повеќе единство, повеќе доверба и повеќе заедничка одговорност, соопштија од партијата. Токму затоа, велат од таму, секој обид за кодошење, лажно известување, политичко подметнување или нарушување на меѓуалбанските односи е штетен, неодговорен и спротивен на интересот на Албанците.
„ДУИ, во отсуство на резултати и визија, повторно се обидува преку оркестрирани конструкции да создава недоверба, подметнувања, забуни и погрешна слика. Тоа не е патриотизам. Тоа е политичка нервоза претворена во штета за заедничкиот интерес на Албанците.
„Вреди“ ја почитува Амбасадата на Република Албанија како институција и ја почитува секоја институционална комуникација меѓу двете држави, независно од фактичката состојба кога поединци служат на интерси на политички групации“.
Институциите, нагласуваат од оваа партија, се поголеми од дневната политика, а меѓудржавните и меѓуалбанските односи не смеат да се сведуваат на интересите на поединци или такви партиски групации.
„Нашата позиција е јасна: ќе продолжиме со одговорна, достоинствена и институционална комуникација со Албанија, во интерес на Албанците, во интерес на граѓаните и во интерес на стабилноста во регионот. Но и ќе бидеме принципиелни и праведни и нема да дозволиме политичките интереси на поединци да бидат позначајни од интересите на Албанците.
На Албанците им треба единство, не интриги. Им треба соработка, не подметнувања. Им треба иднина, не стара политика на страв, поделби и кодошење.
„Вреди“ останува посветен на одговорност, стабилност и достоинствено претставување на Албанците во Северна Македонија“, пирачуваат од партијата..
Текстот „Вреди“: На Албанците им треба единство, не интриги, односите со Албанија не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси е превземен од МАКФАКС.




