Американскиот сенатор Линдзи Греам, еден од најистакнатите сојузници на претседателот Доналд Трамп, почина на 71-годишна возраст.
Греам, републикански сенатор од Јужна Каролина, почина вчера „по кратка и ненадејна болест“, соопшти неговата канцеларија.
„Семејството на сенаторот Греам им се заблагодарува на сите за нивните молитви и бара приватност во текот на овој исклучително тежок период“, се вели во соопштението.
Според аудио снимките од полициските комуникации добиени од NBC News, службите за итни случаи реагирале во неговиот дом во Вашингтон синоќа по пријавите за „срцев застој“.
Сенаторот неодамна се врати од Украина, каде што во петокот се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев.
Денес требаше да се појави во емисијата „Meet the Press“ на NBC News.
Текстот Почина американскиот сенатор Линдзи Греам е превземен од МАКФАКС.






