Сидни Свини повторно е во центарот на вниманието на социјалните мрежи. По период на помала активност, популарната актерка објави ново промотивно видео на Инстаграм кое за кратко време предизвика бројни реакции и коментари од нејзините следбеници.
Причината за новата објава е промоцијата на нејзиниот бренд за долна облека „Syrn“. Свини во видеото претстави модел од најновата колекција, носејќи бело боди од чипка, комбинирано со бели чорапи со нежни детали.
https://www.instagram.com/reel/Dandtt7BIFy/?igsh=NnRvczNlYjF1bWtp
Целата кампања е снимена во впечатлива визуелна естетика, а актерката позира пред камерата во различни кадри. Нејзината долга руса коса е пуштена и слободно паѓа по грбот, дополнувајќи го стилот на фотосесијата.
„Дали веќе го добивте вашиот @syrn?“, напиша Свини во описот на видеото, директно повикувајќи ги следбениците да ја погледнат новата колекција.
https://www.instagram.com/p/DWRZXXjEW4A/?igsh=MWwzYW8wMXpnZDJrbw==
Реакциите не изостанаа. Објавата брзо привлече големо внимание, а во коментарите се појавија бројни комплименти за изгледот и новата кампања на актерката.
„Жешко, жешко, жешко“, „Прекрасна си“ и „Обожавам да те гледам“, се само дел од реакциите што ги оставија нејзините обожаватели.
Сидни Свини во последните години важи за една од најпрепознатливите млади холивудски актерки, а покрај филмските и телевизиските проекти, сè поактивно го развива и својот бизнис и моден имиџ.
Со најновата објава, актерката уште еднаш покажа дека секое нејзино појавување на социјалните мрежи може за кратко време да предизвика огромно внимание во јавноста.






