(Видео) Ѓорѓиевски: По 30 години голгота, конечно решение за булеварот „Борис Трајковски“

(Видео) Ѓорѓиевски: По 30 години голгота, конечно решение за булеварот „Борис Трајковски“

пред 5 часа

Со силна динамика продолжуваат градежните работи на довршувањето на булеварот „Борис Трајковски“, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Скопје, кој повеќе од три децении беше симбол на нереализирани ветувања, застој и секојдневни сообраќајни проблеми, информираат од Град Скопје.

Работите, како што е соопштено, се одвиваат согласно предвидената динамика, а по нивното завршување, повеќе од 100.000 жители ќе добијат современ и безбеден булевар со четири сообраќајни ленти, пешачки патеки и велосипедска инфраструктура, што значително ќе ја подобри безбедноста и проточноста на сообраќајот.

„30 години голгота – конечно решение за булевар „Борис Трајковски“
Зборот е збор. Со силна динамика продолжуваат работите на довршување на булеварот „Борис Трајковски“, проект што со децении беше симбол на лажни ветувања, застој и секојдневен сообраќаен хаос.
Денес, со задоволство можам да кажам дека работите напредуваат според предвидената динамика и дека наскоро повеќе од 100.000 жители ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар со четири сообраќајни ленти, како и уредена пешачка и велосипедска патека“, објави на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Трасата, додава тој, е речиси целосно пробиена, а паралелно се гради и нова атмосферска канализација, со што трајно се решаваат проблемите што со години го отежнуваа животот на граѓаните од овој дел на Скопје.

„Свесен сум низ што поминуваше мојот народ сите овие години.
Свесен сум за изгубеното време, нервозите и долгото чекање.
Но, деценискиот сообраќаен хаос конечно заминува во историјата. Ова е враќање на достоинството на граѓаните и доказ дека кога има волја, работа и одговорност – нема невозможни работи!
Продолжуваме да го менуваме ликот на Скопје“, пишува тој.

Текстот (Видео) Ѓорѓиевски: По 30 години голгота, конечно решение за булеварот „Борис Трајковски“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top