Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички

пред 3 часа

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка, а за две малолетнички на возраст од 15 и 14 години е поднесено барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца при Основниот суд во Куманово, бидејќи заедно учествувале во дејствија на кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 13 март годинава тие повикале девојче кое тогаш имало 13 години да излезе од дома со нив и ја убедиле да влезе во запуштена просторија во близина на спортскиот центар „Соколана“. Таму жртвата грубо ја навредувале и физички ја нападнале, удирајќи ја по лицето и телото и ја либеле за коса. Насилството го снимале со телефон, а на нападнатото девојче му се заканиле по живот доколку каже некому за настанот.

Јавното обвинителство, веднаш по објавата на видеото на социјалните мрежи презеде дејствија за обезбедување докази, а за полнолетната осомничена достави и предлог за определување мерки на претпазливост до надлежниот суд – задолжително јавување во судот, привремено одземање на патната исправа и забрана за приближување и воспоставување контакти со жртвата.

Текстот Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top