Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево, рече Николоски

Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево, рече Николоски

пред 7 часа

Завршена е реконструкцијата на локалниот пат Мешеишта – Волино во Општина Дебрца, проект што се реализира преку Министерството за транспорт во рамки на програмата за поврзување на локалните патишта.

При увидот на завршените работи, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека покрај реконструкцијата на овој пат, Владата работи и на изградба на вкупно 18 километри пристапни патишта долж автопатот Охрид – Кичево, со цел да се обезбеди поврзаност на населените места кои, како што рече, претходно не биле соодветно опфатени со проектот.

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт, Александар Николоски вршат увид

Тој посочи дека за делницата од Пресека до Охрид била обезбедена согласност и од УНЕСКО, по што започнала реализацијата на пристапните патишта кон населените места.

Николоски нагласи дека со изградбата на паралелните и пристапните патишта ќе се подобри поврзаноста не само на Мешеишта, туку и на населените места што гравитираат кон Општина Струга.

На увидот присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој изјави дека преку владината програма за поддршка на општините во моментов се реализираат, завршуваат или започнуваат околу 1.200 проекти низ државата.

„Кога на тоа ќе се додадат и останатите капитални инвестиции, доаѓаме до навистина импресивна реализација. Очекувам сите овие проекти значително да го подобрат квалитетот на животот на граѓаните“, изјави Мицкоски.

Текстот Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево, рече Николоски е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top