Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ го одбија Изборниот законик што самите го создаваа

Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ го одбија Изборниот законик што самите го создаваа

пред 9 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ, Левица и ДУИ дека водат политика на блокади поради Изборниот законик.

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција изјави дека претставници на овие партии со месеци учествувале на работни средби, предлагале измени и корекции, а нивните барања биле прифатени.

„Кога дојде време да стават потпис и да покажат одговорност, избегаа од сопствениот договор“, рече Манасиевски.

Според него, проблемот не е во содржината на Изборниот законик, туку во тоа што, како што рече, СДСМ, Левица и ДУИ не можат да прифатат уште еден реформски успех на државата.

Тој оцени дека опозициските партии не се борат за подобар Изборен законик, туку против секое решение што, според ВМРО-ДПМНЕ, значи напредок за Македонија.

Манасиевски порача дека граѓаните ја препознале, како што рече, политиката на блокади и ќе го дадат својот суд на следните избори.

Текстот Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ го одбија Изборниот законик што самите го создаваа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top