Божиновска: Реформите во енергетиката веќе даваат резултати – европски стандарди, нови инвестиции и посигурен систем

Божиновска: Реформите во енергетиката веќе даваат резултати – европски стандарди, нови инвестиции и посигурен систем

пред 11 часа

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, информираше дека Министерството интензивно работи на реализацијата на обврските од Реформската агенда, нагласувајќи дека реформите се оценуваат преку конкретни резултати, политики и инвестиции што носат придобивки за граѓаните.

Како што соопшти Божиновска, на денешната средба се разговарало за досегашниот напредок во спроведувањето на реформската агенда, како и за следните активности што треба да се реализираат во енергетскиот сектор.

Таа истакна дека Министерството забрзано работи на усогласување на домашната енергетска регулатива со европското законодавство, што претставува еден од клучните чекори во процесот на евроинтеграција.

Во рамки на реформите, предвидена е и реконструкција и енергетска обнова на јавни објекти, со инвестиции кои треба да придонесат за намалување на потрошувачката на енергија и пониски трошоци.

Божиновска посочи дека се работи и на воспоставување методологија за мерење на енергетската сиромаштија, со цел идните политики да се темелат на реални податоци и вистинските потреби на граѓаните.

Меѓу приоритетите, како што наведува министерката, се и забрзувањето на процесот на декарбонизација, спроведувањето на мерките за праведна транзиција, како и унапредувањето на енергетската ефикасност, сигурноста на системот и интеграцијата на енергетските пазари.

„Ова е суштината на реформите – од стратешки документи до конкретни мерки што го менуваат енергетскиот систем и носат придобивки за граѓаните“, порача Божиновска.

Таа додаде дека Министерството останува посветено на исполнување на реформските цели, со јасна визија за воведување европски стандарди во енергетиката, изградба на посигурен и поефикасен енергетски систем и спроведување реформи што ќе имаат видливи резултати во секојдневниот живот на граѓаните.

Share
Scroll to Top