Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Зголемена фреквенција на возила е регистрирана на граничниот премин „Богородица“, каде што за излез од државата се чека околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.
Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои можност од појава на одрони.
Како поризични се посочуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Текстот На граничниот премин Богородица се чека околу 20 минути е превземен од МАКФАКС.






