Пирло ќе има годишна плата од 1,5 милион евра, работа за која Гвардиола барал 20 милиони евра

Пирло ќе има годишна плата од 1,5 милион евра, работа за која Гвардиола барал 20 милиони евра

пред 3 часа

Андреа Пирло е новиот селектор на италијанската фудбалска репрезентација. Службената потврда се очекува во понеделник или вторник, а според информациите, сите детали околу четиригодишниот договор се веќе договорени. Светскиот првак од 2006 и европски вицепрвак од 2012 ќе ја води „азурната“ селекција со годишна плата од 1,5 милиони евра.

Пирло стана главен кандидат откако Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола ги одбија понудите. Анчелоти неодамна потпиша нов договор со Бразил, а Гвардиола изјави дека по десет години во Манчестер Сити сака да се посвети на семејството. Наводно, за клупата на Италија барал годишна плата од 20 милиони евра.

Светските медиуми објавуваат дека Пирло ќе потпише договор што ќе важи до крајот на Светското првенство 2030. Неговата плата од 1,5 милиони евра годишно била клучен фактор во преговорите, особено во споредба со барањата на Гвардиола.

Службената објава ќе следи откако Пирло ќе постигне спогодбен раскин со клубот United FC од Обединетите Арапски Емирати, кој го презеде минатото лето. Италијанската федерација (FIGC) има состанок во вторник, на кој се очекува официјално претставување.

Фото: Депозитфотос

Share
Scroll to Top