Македонскиот шампион Вардар ја почна одбраната на титулата со сигурна победа над Брегалница (2-0) попладневоо на Националната арена „Тодор Проески“.
Стрелци беа Димитар Данев во првото полувреме и Горан Закариќ во 81. минута. Со ова „црвено-црните“ освоија први три бода во новата сезона.
По успешниот старт во домашниот шампионат, Вардар го насочува вниманието кон реваншот против Рига во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.






