Легендарниот фудбалер Зинедин Зидан официјално стана нов селектор на Франција.
Она што беше објавено уште во ноември, сега доби официјална потврда.
Поранешниот тренер на Реал Мадрид го наследи Дидие Дешан на клупата на „триколорите“, со што заврши една од најдолгите и најуспешните ери на селекција во модерниот фудбал.
Дешан ја водеше Франција 14 години. Својот најголем успех го постигна со освојувањето на Светското првенство во 2018 година, додека со репрезентацијата ја освои и Лигата на нации во 2021 година.
Зидан е без тренерска работа од 2021 година, кога го напушти Реал Мадрид.
Со популарниот Зизу како играч, започнаа годините на репрезентативна доминација на Французите.
Тимот беше светски шампион во 1998 година, две години подоцна европски шампион, а „триколорите“, со Зидан во тимот, беа финалисти и во 2006 година во познатата пресметка против Италија.
Од 1998 година, Франција четири пати беше финалист на Светското првенство. Задачата пред него е да го продолжи континуитетот.
Foto/ Depositphotos






