Рома се обидува да го формира најсилниот можен тим за Лигата на шампионите, а во текот на викендот го официјализираше третиот трансфер во тековниот преоден рок.
„Волчицата“, го претстави грчкиот репрезентативец Константинос Кулиеракис, кој пристигна од германски Волфсбург и синоќа потпиша петгодишен договор.
Германскиот клуб инкасира 16,5 милиони од овој трансфер, а може да смета на уште 1,5 милиони како бонус и уште 20 проценти од следниот трансфер на Кулиеракис.
Станува збор за млад играч кој има само 22 години. Неговото фудбалско патување започна во солунски ПАОК, каде што помина низ јуниорските категории, а стана член на Волфсбург пред две години, кога „волците“ платија 11,75 милиони евра за неговите услуги.
Рома ги победи Кристал Палас и Бенфика во трката за неговиот потпис.
Кулиеракис го имаше своето деби за грчката сениорска репрезентација како 18-годишник и досега веќе има 22 настапи во дресот националниот тим.
Да ве потсетиме дека пред Кулиеракис, Рома ова лето ангажираше двајца напаѓачи – Дониел Мулен (откупен неговиот договор од Астон Вила) и Сантијаго Кастро од Болоња.
Foto/ AS Roma






