(Видео) Ангелов: Пожарот во Кавадаречко се шири кон непристапен терен кај Тиквешкото Езеро, злонамерно е предизвикан, тешко е денес да се стави под контрола

(Видео) Ангелов: Пожарот во Кавадаречко се шири кон непристапен терен кај Тиквешкото Езеро, злонамерно е предизвикан, тешко е денес да се стави под контрола

пред 2 часа

Пожарот кај селото Раовец во Кавадаречко попладнево повторно се реактивираше со голема силина и се движи кон тешко пристапен и непристапен терен во близина на Тиквешкото Езеро, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Поради сериозноста на состојбата, веднаш биле ангажирани два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, а во гаснењето ќе се вклучат и полициски и армиски хеликоптер.

„Тешко ќе биде пожарот да се стави под контрола во текот на денот и ноќта“, изјави Ангелов.



Тој повтори дека, според досегашните сознанија, пожарот е злонамерно предизвикан.

„Одеднаш се запалени пет локации со силни огнови. Најверојатно полицијата веќе го има сторителот кој го предизвикал пожарот“, рече Ангелов.

Според него, во текот на денот низ државата се регистрирани повеќе од 10 пожари на отворен простор. Засега повеќето се од помал обем, но дел од нив имаат потенцијал да се прошират.

Ангелов предупреди дека состојбата постепено се влошува, а силниот ветер дополнително го отежнува гаснењето. Тој повторно апелира граѓаните да бидат крајно внимателни.

Текстот (Видео) Ангелов: Пожарот во Кавадаречко се шири кон непристапен терен кај Тиквешкото Езеро, злонамерно е предизвикан, тешко е денес да се стави под контрола е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top