Светскиот шампион Родри избра одмор во Црна Гора: Со долгогодишната партнерка Лаура ги истражува природните убавини

Светскиот шампион Родри избра одмор во Црна Гора: Со долгогодишната партнерка Лаура ги истражува природните убавини

пред 2 часа

Капитенот на шпанската фудбалска репрезентација и актуелен светски шампион Родри, односно Родриго Ернандез Касканте, по освојувањето на титулата на Светското првенство деновиве ужива на заслужен одмор во Црна Гора заедно со својата долгогодишна партнерка Лаура Иглесијас.

Според црногорските медиуми, славниот фудбалер и неговата избраничка ги посетиле некои од најпознатите природни и туристички атракции во земјата. Меѓу нив е и Националниот парк Ловќен, каде нивното присуство не останало незабележано.

Во близина на жичарницата Котор–Ловќен се собрале бројни туристи и навивачи кои го препознале светскиот шампион и се обиделе да се фотографираат со него и да добијат автограм.

Родри и Лаура се возеле со жичарницата што ги поврзува брегот на Бока Которска со планинските врвови, од каде се пружа панорамски поглед кон заливот.

За време на престојот го посетиле и Еко селото Невидио, чии домаќини на социјалните мрежи објавија фотографија со славниот пар. Во објавата наведоа дека им било голема чест да ги угостат и дека Родри и Лаура биле исклучителни гости.

„Ви благодариме што го избравте Еко селото Невидио. Ни беше вистинско задоволство да ве угостиме и искрено уживавме во секој момент од вашиот престој. Со нетрпение го очекуваме вашето повторно доаѓање“, напишаа од еко селото.

Иако важат за еден од најпознатите спортски парови во Европа, Родри и Лаура успешно ја чуваат својата приватност далеку од јавноста.

Двајцата се запознале во 2016 година на Универзитетот „Хауме I“ во Кастељон, каде Родри студирал бизнис администрација и економија, додека Лаура студирала медицина. Денес таа има 28 години и се специјализира за хирург, додека Родри продолжува да бележи големи успеси на фудбалските терени.

Share
Scroll to Top