Португалскиот репрезентативец Рафа Леао и покрај најавите дека ќе го напушти Милан, решил да остане на „Сан Сиро“. Ниту една добра понуда не пристигнала во клубот за услугите на Леао.
Челниците на Милан не биле импресионирани од понудите испратени од Турција, од Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ.
На крајот од минатата сезона, се чинеше дека ситуацијата е јасна, бидејќи португалскиот репрезентативец во неколку наврати изјави дека верува оти неговото време во дресот на „росонерите“ е завршено.
Од друга страна, Милан немаше намера да го продолжи неговиот профитабилен договор, кој важи до јуни 2028 година, поради што неговото заминување ова лето изгледаше речиси неизбежно.
Работите се сменија бидејќи ниту една понуда за Леао не беше повисока од 50 милиони евра со вклучени бонуси. Милан се надева дека за Португалецот ќе може да добие 70 милиони евра.
Foto/ Depositphotos






