Од ноќеска на полноќ, цените на бензините ќе се намалат за два денари, додека дизелот ќе поскапе за еден денар,одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 05.08.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 91,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 93,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,419 (денари/килограм)
Од РКЕ појаснуваат дека во денешната одлука е применет намален износ на акцизата од 2,00 денари за литар кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 денари за литар кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).
„Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 денар за литар“, соопшти РКЕ.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денар за литар, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,680 денари за килограм.
фото/Depositphotos
Текстот Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува е превземен од МАКФАКС.





