Bunnie Xo првпат проговори за неверството на Џели Рол: „Не боли самата афера, туку лагите“

Bunnie Xo првпат проговори за неверството на Џели Рол: „Не боли самата афера, туку лагите“

пред 8 часа

Bunnie Xo првпат отворено зборуваше за болното искуство со неверството на поранешниот сопруг Џели Рол, речиси една година откако познатиот кантри пејач јавно призна дека ја изневерил во раните години од нивниот брак.

Во најновата епизода од својот подкаст „Dumb Blonde“, каде гостинка беше актерката Денис Ричардс, Bunnie Xo зборуваше за последиците од предавството и објасни дека најголемата болка не доаѓа од самата афера, туку од лагите што ја придружуваат.

„Кога поминував низ ситуација со неверство, не ме болеше самиот чин. Ме повредија лагите. Тоа чувство е како силен удар што целосно те оттурнува од реалноста“, изјави таа.

Иако во разговорот не го спомена Џели Рол по име, беше јасно дека зборува за нивната заедничка историја.

Таа додаде дека ваквото предавство остава длабоки последици.

„Не постои начин да се чувствуваш добро по такво нешто. Траумата од предавството буквално го менува начинот на кој размислуваш. Почнуваш да не им веруваш на луѓето и се чувствуваш ужасно затоа што последен дознаваш што се случувало. Никој не сака да биде последниот што ќе ја дознае вистината“, рече Bunnie Xo.

Пејачот Џели Рол во октомври 2025 година првпат јавно призна дека бил неверен. Во поткастот „Human School“ тогаш откри дека тоа било една од најтешките грешки во неговиот живот.

„Тоа беше еден од најлошите моменти во мојата зрелост. Бев опкружен со луѓе кои ги изневеруваа своите сопруги и направив огромна грешка“, призна тогаш музичарот.

Тој истакна дека вложил многу труд за да ја поправи врската со Bunnie Xo и дека процесот на простување ги направил посилни како пар.

Во своите мемоари „Stripped Down“, објавени во февруари годинава, Bunnie Xo откри дека неверството ја довело до најтешкиот период во нејзиниот живот.

Таа призна дека по аферата, која се случила само неколку години по нивната венчавка во 2016 година, размислувала да си го одземе животот.

„Болката беше толку силна што навистина сакав сè да заврши. Но, длабоко вдишав и си реков дека утре е нов ден“, напиша таа во книгата.

И покрај кризата, двојката успеа да ја обнови врската, па во 2023 година повторно ги обновија брачните завети.

Сепак, нивниот брак дефинитивно заврши оваа година. Во мај решија да се разделат, информацијата стана јавна во јуни, а разводот беше финализиран веќе следниот месец.

И покрај крајот на бракот, двајцата и понатаму зборуваат со почит еден за друг.

Во јули Bunnie Xo повторно беше во центарот на вниманието откако беше фотографирана како се бакнува со актерот Дилан Волф во барот на Џели Рол. Таа подоцна изјави дека поранешниот сопруг немал никакви забелешки за тоа.

Во меѓувреме, Џели Рол веќе започнал да излегува со нови личности, а неговата 18-годишна ќерка Бејли Ен мистериозно изјави дека вистинската причина за разводот би го „срушила интернетот“. Сепак, Bunnie Xo неодамна порача дека „нема ништо што треба дополнително да се разјаснува“ околу нивниот развод.

Share
Scroll to Top