Николоски: Македонија и САД ќе ја интензивираат соработката преку нови инфраструктурни проекти

Николоски: Македонија и САД ќе ја интензивираат соработката преку нови инфраструктурни проекти

пред 4 часа

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Никол Варнс.

На средбата, како што информира Николоски, биле разгледани актуелните инфраструктурни проекти, економската соработка меѓу двете земји и можностите за дополнително зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД.

„Владата е силно посветена на реализацијата на капиталните инфраструктурни инвестиции како значаен двигател на економскиот раст, регионалното поврзување и подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните“, истакна Николоски.

Тој посочи дека продолжува работата на продлабочување на соработката со САД во сите области од заемен интерес, во духот на долгогодишното пријателство и партнерство меѓу двете држави.

Share
Scroll to Top