Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со амбасадорката на Јапонија во Република Северна Македонија, Сецуко Кавахара, при што беше потврдена заедничката определба за понатамошно унапредување на билатералната соработка и пријателските односи меѓу двете држави.
Во текот на разговорите акцентот беше ставен на реформската агенда, зајакнувањето на владеењето на правото и активностите поврзани со изборното законодавство.
Беше оценето дека меѓу двете земји нема отворени прашања што претставува цврста основа за натамошно продлабочување на партнерството. Во наредниот период ќе се интензивира размената на искуства и добри практики, како и поддршката на реформските процеси насочени кон зајакнување на правната сигурност и унапредување на демократските стандарди.
…
Текстот Министерот за правда Јетон Шасивари ја потврди заложбата за унапредување на соработката со Јапонија е превземен од МАКФАКС.





