Завршија вонредните инспекциски надзори за лекувањето на 19-годишната родилка од Струмица

Завршија вонредните инспекциски надзори за лекувањето на 19-годишната родилка од Струмица

пред 4 часа

Министерството за здравство ја информира јавноста дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонредни инспекциски надзори во здравствените установи во кои пациентката С.М. била прегледувана, породена и понатаму лекувана.

„Надзорите беа спроведени во Општа болница Струмица, Клиничка болница Штип и Универзитетска клиника за неврологија. Инспекторите извршија увид во здравствената евиденција и медицинската документација, а беа земени и изјави од здравствените работници вклучени во третманот.

Сепак, имајќи ги предвид сериозните здравствени компликации на пациентката, донесено е решение за спроведување стручен надзор над целокупниот тек на нејзиното породување и натамошно лекување.

Комисијата за стручен надзор е составена од лекари специјалисти по неврологија, анестезиологија, гинекологија, радиологија и неврохирургија.

Со цел да се обезбеди целосна, независна и објективна стручна процена, министерот за здравство побара во комисијата за стручен надзор да биде вклучен и медицински експерт од соседна држава. Тој ќе учествува во разгледувањето на целокупната медицинска документација на пациентката и во изготвувањето на стручното мислење за преземените дијагностички и терапевтски постапки“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

По завршувањето на стручниот надзор, Министерството за здравство најави дека ќе ја информира јавноста за наодите и заклучоците.

Текстот Завршија вонредните инспекциски надзори за лекувањето на 19-годишната родилка од Струмица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top