Поднесена жалба на ослободителната пресуда за Никола Груевски за „Талир 2″

Поднесена жалба на ослободителната пресуда за Никола Груевски за „Талир 2″

пред 5 часа

Обвинителството поднесе жалба на ослободителната пресуда за експремиерот, Никола Груевски, за случајот „Талир 2“.

Кривичниот суд изрече ослободителна пресуда за Груевски, обвинет во случајот „Талир 2“, за незаконска изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

Овој случај застарува на крајот на август.

Пред три години Кривичниот суд пресуди шест години затвор за Груевски и условна казна за Кирил Божиновски. Беше наложена и конфискација на партискиот имот. По измените на Кривичниот законик и по направената преквалификација на обвинението, судењето почна од почеток.

Во меѓувреме делото за Божиновски застаре.

Текстот Поднесена жалба на ослободителната пресуда за Никола Груевски за „Талир 2″ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top