Расте бројот на загинатите во Колумбија: се пребаруваат урнатините по земјотресот

Расте бројот на загинатите во Колумбија: се пребаруваат урнатините по земјотресот

пред 14 часа

Бројот на жртви од силниот земјотрес со јачина од 7,4 степени што ја погоди Колумбија се искачи на најмалку 75.

Најголемо зголемување на бројот на жртви е забележано во Переира. Градоначалникот Маурисио Салазар објави дека таму загинале најмалку 40 лица. Претходно тој пријави 18 смртни случаи.

Во департманот Вале дел Каука беа потврдени 27 смртни случаи, додека властите во Чоко, каде што беше епицентарот на земјотресот, пријавија четири смртни случаи.

Три лица загинаа во Манизалес, а уште една смрт беше потврдена во департманот Антиокија. Таму, 73-годишен маж почина во Тамесис по одрон на карпа.

Според најновите потврдени податоци од локалните власти, најмалку 75 лица загинаа во земјотресот. Спасувачките операции и пребарувањата под урнатините сè уште се во тек.

Текстот Расте бројот на загинатите во Колумбија: се пребаруваат урнатините по земјотресот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top