(ФОТО) Небесен спектакл над Македонија: Млечниот Пат и Персеидите во ист кадар над Галичица

(ФОТО) Небесен спектакл над Македонија: Млечниот Пат и Персеидите во ист кадар над Галичица

пред 3 часа

Импресивна глетка од ноќното небо над Македонија е забележана од Националниот парк „Галичица“, каде во ист кадар се најдоа Млечниот Пат и еден од метеорите од метеорскиот дожд Персеиди.

Фотографијата ја направил Димитар Бирачоски од локалитетот Корита, место оддалечено од силното градско осветлување, што овозможило јасно да се забележи појасот на Млечниот Пат.

Во горниот дел од фотографијата се гледа и светлосната трага од еден метеор, што дополнително ја прави сцената впечатлива.

Персеидите токму во ноќта меѓу 12 и 13 август го достигнаа својот максимум во 2026 година, а условите за набљудување беа особено поволни поради темното небо и отсуството на силна месечева светлина.

НАСА ги вбројува Персеидите меѓу најбогатите и најатрактивните метеорски дождови, при кои во идеални услови можат да се забележат десетици метеори во текот на еден час.

Овојпат спектаклот над Галичица го овековечил Бирачоски, создавајќи фотографија на која истовремено се гледаат илјадници ѕвезди, Млечниот Пат и еден Персеид.

Фото: Димитар Бирачоски

Share
Scroll to Top