ВЛЕН отвора прашања околу политичките случувања во ДУИ и најавите на лидерот Али Ахмети за повлекување од активната политика, поврзувајќи ги со актуелните случувања околу Артан Груби.
Во реакцијата се оценува дека обвинението против Груби предизвикало нови тензии во ДУИ и дека неговото евентуално сведочење може да има значајно влијание врз внатрешните односи и идните политички процеси во партијата.
Од ВЛЕН наведуваат дека Груби со години се смета за еден од клучните луѓе во политичките случувања во ДУИ, а неговата актуелна позиција може да има последици врз повеќе лица и структури во партијата.
Во реакцијата се споменува и Бојан Османи, за кого ВЛЕН тврди дека преку јавни настапи отвора прашања кои директно или индиректно се поврзани со Груби.
Посебно внимание, според ВЛЕН, заслужува и улогата на Ислам Абази во идните случувања, оценувајќи дека во ДУИ се обидуваат да создадат впечаток дека ситуацијата е под контрола.
ВЛЕН смета дека претстојниот период ќе биде особено тежок за Али Ахмети и ДУИ, оценувајќи дека политичките последици од актуелните случувања допрва ќе се почувствуваат.
Од партијата порачуваат дека прашањето кој ќе ја понесе политичката одговорност ќе зависи и од информациите што би можеле да бидат откриени во рамки на случајот со Артан Груби.






