Во Франција блокирана забраната за социјални мрежи за деца под 15 години

Во Франција блокирана забраната за социјални мрежи за деца под 15 години

пред 2 часа

Францускиот Уставен совет ја блокира забраната за пристап до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, оценувајќи дека законот не обезбедува доволно правни гаранции при проверката на возраста и заштитата на слободата на изразување.

Одлуката е удар за претседателот Емануел Макрон, кој силно ја поддржуваше забраната и сакаше таа да стапи во сила уште со почетокот на новата учебна година.

Уставниот совет не оцени дека самата граница од 15 години е неуставна. Проблемот го гледа во начинот на спроведување, бидејќи во пракса секој корисник, вклучително и полнолетните лица, би морал да ја докажува својата возраст пред да пристапи до одредени социјални мрежи.

Советот оцени дека законот не ги утврдил доволно прецизно условите и ограничувањата за проверка на возраста и не обезбедил доволни гаранции за заштита на слободата на изразување.

Францускиот парламент ја усвои забраната во јули. Доколку поминеше на уставна проверка, Франција ќе беше првата земја во ЕУ со вакво широко ограничување.

Макрон побара од премиерот Себастијан Лекорни да го преработи законот, а Елисејската палата соопшти дека претседателот сака изменетата верзија да стапи во сила пред претседателските избори во пролетта 2027 година.

Текстот Во Франција блокирана забраната за социјални мрежи за деца под 15 години е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top