Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија

пред 3 часа

На Инфективната клиника во Скопје почина 72-годишен скопјанец кај кого лабораториски била потврдена инфекција со вирусот West Nile.

Како што информираше денеска директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана, пациентот уште при прием бил во тешка општа состојба, со изразена невролошка симптоматологија.

Директорот додаде дека во моментов на Клиниката се хоспитализирани вкупно 24 пациенти, од кои кај 19 е лабораториски потврдена инфекција со West Nile вирус. Пет од нив се суспектни и тие се во тек на дијагностичка постапка. Кај седум од хоспитализираните е регистрирана потешка клиничка состојба и тие се под интензивен медицински надзор.

Пет од нив се на механичка вентилација, другите пациенти кои се хоспитализирани се во Одделот за невроинфекции и веќе се во стабилна состојба.

Ова е втор случај на смрт од западнонилска треска во државата, по смртта на 83-годишниот пациент.

Текстот Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top