БВ Инженеринг со известување: Објектот STU3 сеуште е во изградба, пристапот останува ограничен до официјалното пуштање во употреба

БВ Инженеринг со известување: Објектот STU3 сеуште е во изградба, пристапот останува ограничен до официјалното пуштање во употреба

пред 2 часа

Компанијата „БВ Инженеринг“ информира дека објектот STU3 сè уште се наоѓа во фаза на изградба и официјално не е предаден на инвеститорот, поради што движењето и присуството на надворешни лица во рамките на објектот останува забрането.

Од компанијата нагласуваат дека до целосното завршување на градежните активности и официјалното предавање на објектот за употреба, пристап ќе имаат исклучиво вработените кај изведувачот, надзорниот орган и претставниците на инвеститорот.

Во соопштението се наведува дека во текот на вчерашниот ден имало обилни врнежи од дожд, кои се совпаднале со изведувањето на асфалтерските работи.

Иако, како што посочуваат од „БВ Инженеринг“, асфалтот бил изведен со задоволителен квалитет, компанијата донела одлука на сопствен трошок да го отстрани делот од асфалтот кој се наоѓал во последните две транспортни средства.

Причината за ваквиот чекор, според соопштението, е да се обезбедат соодветен квалитет и трајност на изведбата.

„Иако асфалтот беше изведен со задоволителен квалитет, одлучивме, на наш трошок, да го отстраниме делот кој се наоѓаше во последните две транспортни средства, со цел да се обезбеди соодветен квалитет и трајност на изведбата“, наведуваат од компанијата.

Градежните активности на објектот ќе продолжат во понеделник.

Од „БВ Инженеринг“ апелираат до граѓаните да покажат разбирање и да ја почитуваат забраната за движење во рамките на градилиштето сè до официјалното завршување и пуштање на објектот во употреба.

„Ги замолуваме сите граѓани за разбирање и да ја почитуваат забраната за движење во рамките на објектот сè до неговото официјално завршување и пуштање во употреба. Ви благодариме за разбирањето и соработката“, се наведува во соопштението на „БВ Инженеринг“.

Share
Scroll to Top