Температурата денеска до 38 степени, утре пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Температурата денеска до 38 степени, утре пороен дожд, грмежи и засилен ветер

пред 2 часа

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник кога ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Текстот Температурата денеска до 38 степени, утре пороен дожд, грмежи и засилен ветер е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top