Педро Нето се сели во Саудиска Арабија?

Педро Нето се сели во Саудиска Арабија?

пред 7 часа

Ал-Хилал е сериозно заинтересиран за Педро Нето, а саудискиот клуб разговара со Челзи за трансферот на португалскиот крилен напаѓач.

Нето наводно веќе ги договорил личните услови со Ал-Хилал, додека Челзи бара околу 60 милиони евра за 26-годишникот.

Манчестер Сити е исто така заинтересиран за Нето, но „граѓаните“ се откажаа поради финасиските барања на Челзи.

Ал-Хилал сега се обидува да го комплетира трансферот, но клубовите сè уште треба да се договорат за обештетувањето.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top