Регистриран четврти смртен случај од западнонилска треска, пациентот 27 дена се лекувал на Инфективна

Регистриран четврти смртен случај од западнонилска треска, пациентот 27 дена се лекувал на Инфективна

пред 56 минути

Директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана, попладнево извести дека има уште еден смртен случај на заболен од западнонилска треска. Пациентот бил на лекување на Инфективна 27 дена.

Како што соопшти директорот, станува збор за 76-годишен пациент кој на клиниката бил донесен во исклучително лоша состојба со невроинвазивна форма на болеста. Кај него бил потврден вирусот „West Nile“, а имал и пропратни заболувања.

Тој е четвртиот регистриран смртен случај на заболен од западнонилска треска во земјава, а 15 се излекувани и се отпуштени од Клиниката за инфективни болести.

Вирусот засега е потврден кај 36 пациенти, а за неколку се чекаат резултатите.

Текстот Регистриран четврти смртен случај од западнонилска треска, пациентот 27 дена се лекувал на Инфективна е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top