Утре сончево и топло, во деновите од викендот со дневна температура над 40 степени

Утре сончево и топло, во деновите од викендот со дневна температура над 40 степени

пред 2 часа

Времето утре, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.


ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од четврток следува период на претежно стабилно и многу топло време. Во сабота наместа ќе има нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Во деновите од викендот дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.

Текстот Утре сончево и топло, во деновите од викендот со дневна температура над 40 степени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top