Ќе следи тешка ноќ, пожарникарите треба да го одбранат селото Крушевица, Ангелов објави дека пожарот во Мариово повторно се разгоре

Ќе следи тешка ноќ, пожарникарите треба да го одбранат селото Крушевица, Ангелов објави дека пожарот во Мариово повторно се разгоре

пред 2 часа

Пожарот во Мариово повторно се разгоре, a огнената линија е долга околу 20 километри, објави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Како што рече, пожарот во прилепскиот дел на Мариово, кој синоќа зафати делови од селото Чаниште, повторно се активирал денеска околу пладне.

„Огнот кој синоќа опустоши дел од селото Чаниште во текот на ноќта, раните утрински часови и претпладневните часови беше речиси целосно совладан. За жал околу пладневните часови повторно се разгоре поради ветерот. Линијата на огнот сега е широка, односно долга можеби дваесетина километри. Започнувајќи од течението на Црна Река па се до врвот Маргаро“.

На терен се, како што рече, прилепските пожарникари, тимови на ДЗС составени од доброволци од Битола, а помагаат и доброволци од Кочани и Виница.

Во текот на ноќта, главна задача нагласи Ангелов, ќе биде заштитата на селото Крушевица, кое се наоѓа на неколку километри од местото на пожарот.

„Ќе имаме тешка ноќ, треба да го одбраниме селото Крушевица“, рече Ангелов.

„За жал теренот е лош затоа што се работи за висока сува трева, ветерот кој постојано дува ја отежнува работата на тимовите. Ер-тракторите на дирекцијата прекинале дел од огнената линија која, како што рече Ангелов, сега е значително намалена.

Ова е најголемиот пожар во моментов во државата, нагласи Ангелов, но покрај него, тешка битка како што рече се водела и со огнот на територијата на Старо Нагоричане, каде подоцна со ер -тракторите и со локалното население била воспоставена контрола на пожарот.

Текстот Ќе следи тешка ноќ, пожарникарите треба да го одбранат селото Крушевица, Ангелов објави дека пожарот во Мариово повторно се разгоре е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top