„25 години по Охридскиот рамковен договор, Министерството за внатрешни работи дистрибуира официјален материјал за граѓаните и посетителите само на македонски јазик. Во држава во која Албанците се државотворен народ, ова не е случајност и не може да се оправда како „технички пропуст“. Ова е одраз на начинот на кој оваа Влада го третира албанскиот јазик и Албанците. А ВЛЕН молчи“, велат од Алијанса за Албанците.
„Молчи Изет Меџити, кој 25 години е дел од власта и владите, а денес, повторно како дел од Владата, не успева да обезбеди ниту елементарно почитување на албанскиот јазик во официјалните материјали на институциите со кои и самиот управува.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сè повеќе го туркаат албанскиот јазик на маргините, додека ВЛЕН им служи како политичко покритие.
За каква вредност на владеењето зборуваат, кога Албанците сè уште мора да бараат нивниот јазик да биде видлив во државните институции?
25 години по Охрид не треба повторно да се бориме за нешта што одамна се загарантирани.
ВЛЕН е во Владата, но албанскиот јазик останува надвор од неа“, се наведува во соопштението на Алијанса за Албанците.
Текстот „25 години по Охрид, албанскиот јазик сè уште се третира како невидлив јазик“, велат од Алијанса за Албанците е превземен од МАКФАКС.





