Нкунку се враќа во Лајпциг

Нкунку се враќа во Лајпциг

пред 2 часа

Кристофер Нкунку се враќа во РБ Лајпциг, објави Фабрицио Романо. Германскиот клуб постигна договор со Милан за позајмица на францускиот напаѓач, а договорот ќе вклучува опција за откуп за нешто помалку од 30 милиони евра.

Нкунку претходно ги договори личните услови и сакаше да се врати во клубот каде што го помина најдобриот период од својата кариера.

Французинот играше за Лајпциг од 2019 до 2023 година и во 172 натпревари постигна 70 гола и забележа 56 асистенции.

После тоа отиде во Челзи, а минатата година се пресели во Милан. Њукасл исто така беше заинтересиран да го доведе, но Нкунку претпочиташе да се врати во Лајпциг.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top