Вардар се засили со дефанзивец од Брегот на Слоновата Коска

Вардар се засили со дефанзивец од Брегот на Слоновата Коска

пред 2 часа

Македонскиот првак Вардар го засили својот состав со Сирики Дијабате.

🇨🇮 23-годишниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска настапува на позицијата централен дефанзивец.

Со своите 192 сантиметри и физичките предиспозиции, Диабате ќе биде нова опција во одбранбената линија на црвено-црните.

Вардар го донесе Дијабате, како замена за Дарко Велковски кој се пресели во Бахреин.

Дијабате во кариерата има настапувано во Бугарија, во Ботев Пловдив и Ботев Враца, а во Вардар дојде од Втората лига на Катар, од екипата Муаитер.

Foto/ Instagram

Share
Scroll to Top