Барселона не се откажува од Хулијан Алварез, но Атлетико Мадрид нема намера да се откаже. Сагата околу аргентинскиот напаѓач доби нова димензија по јавниот настап на Џоан Лапорта, на што пристигна жесток одговор од Мадрид.
Претседателот на Барселона во средата, потврди дека каталонскиот клуб е сè уште многу заинтересиран за Алварез и дека понуда од 100 милиони евра останува на маса.
„Доколку се подготвени да го продадат играчот во текот на овој летен преоден рок, ние сме подготвени да го купиме, под услов да можеме да постигнеме договор за понудата што ја испративме“, рече Лапорта.
Претседателот на Барселона нагласи дека клубот го почитува Атлетико, но исто така верува дека Алварез сака да се пресели на „Камп Ноу“.
„Сè уште сме многу заинтересирани за Хулијан Алварез. Би сакале да ја прифатат нашата понуда и правиме сè со најголема почит кон Атлетико Мадрид. Би сакале да постигнеме договор.“
Лапорта, исто така, откри дека личено разговарал со извршниот директор на Атлетико, Мигел Анхел Хил Марин.
„Ја испративме понудата директно до клубот, а потоа ја потврдив во телефонски разговор со Мигел Анхел Хил. Ми кажа дека немаат намера да го продадат бидејќи немаат замена за Хулијан. Реков дека сме заинтересирани, но дека ја почитуваме нивната одлука. Доколку најдат алтернатива во текот на овој преоден рок, ние сме заинтересирани да го завршиме трансферот.“
Потоа Барселона ги стави преговорите на чекање, но ситуацијата се промени кога до Каталонците стигна информација дека Атлетико преговара со други клубови, вклучувајќи го и Арсенал.
„Добивме информација дека Атлетико Мадрид преговара со други клубови за играчот. Ние стоиме зад нашата понуда бидејќи е општо познато дека играчот сака да дојде во Барселона. Нашата понуда е сè уште валидна ако Атлетико одлучи да го продаде“, рече Лапорта.
Атлетико: Нула отсто се шансите Алварез да оди во Барселона
Одговорот од Мадрид беше многу поостар.
Според шпанска „Марка“, од Атлетико потврдиле дека „нула отсто“ се шансите Алварез да биде продаден на Барселона.
„Играчот се претставува како жртва, но единствената жртва во случајот на Хулијан сме ние“, соопштија од Атлетико.
Во мадридскиот клуб веруваат дека целата ситуација им предизвикала и финансиска штета и му наштетила на угледот на клубот.
„Не станува збор за пари, туку за достоинство. Создадена е кампања полна со лаги и полувистини, а единствениот што ја плаќа цената за сè е Атлетико“, е ставот на клубот.
Атлетико е незадоволен од однесувањето на менаџерот на Алварез, Фернандо Идалго, како и од Барселона, за која верува дека со месеци влијаела на ситуацијата околу аргентинскиот репрезентативец.
Клубот има намера да ја дополни претходно поднесената пријава со нови информации за потезите на Барселона и менаџерот на Алварез.
Исто така, се наведува дека Алварез во март одбил понуда за нов договор, што би му ја зголемило годишната плата од седум на десет милиони евра, и дека Атлетико бил подготвен да размисли за негово заминување доколку до 20 јуни пристигне понуда од 150 милиони евра без провизии. Таква понуда не пристигнала.
Алварез не тренираше
Ситуацијата е дополнително комплицирана од фактот дека Алварез не се појави на тренингот на Атлетик во средата поради здравствени проблеми.
Клубот од Мадрид нагласува дека ќе му ја пружи на играчот целата потребна помош и ќе му ги стави на располагање медицинските услуги за да се врати во тимот целосно подготвен.
Барселона, од друга страна, според шпанските медиуми, го гледа Алварез како единствена опција за засилување на нападот ова лето и не планира да доведе друг играч доколку трансферот на Аргентинецот не успее.
Foto/ Depositphotos






