Атлетико и Арсенал се договориле, се чека Алварез

Атлетико и Арсенал се договориле, се чека Алварез

пред 3 часа

Атлетикоo Мадрид конечно се согласи да го продаде Хулијан Алварез и постигна договор, но не со Барселона, туку – Арсенал.

По денешните информации и соопштение на Атлетико Мадрид и конечното „Не“ до Барселона, од Мадрид испратиле потврден одговор во Лондон.

На „Метрополитано“ се свесни дека е најдобро Алварез да си замине, бидејќи ќе заработи огромни пари, се шпекулира дека Арсенал е подготвен да плати дури 150.000.000 евра.

Но, што е поважно, Алварез конечно почнал да ја прифаќа идејата дека Арсенал е негова единствена шанса да го напушти Атлетико, откако самиот се втурна во проблеми. Во екот на Светското првенство, Алварез изјави дека „негов сон е да игра за Барселона“. Со таа изјава стана „персона нон грата“ кај навивачите на Атлетико.

Потврди доаѓаат од неколку извори дека Арсенал и Атлетико се договориле за целата финансиска структура, нема проблем меѓу клубовите, останува Алварез да се согласи да оди во Лондон.

„Марка“, тврди дека Алварез ќе почека до самиот крај, но дека нема шанси да остане и дека на крајот ќе мора да прифати трансфер во Арсенал.

Ќе биде неизвесно до крајот на преодниот рок, но најважната вест сега е дека Алварез конечно ја прифаќа идејата да замине, дури и во Арсенал, иако неговиот сон е Барселона.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top