(Видео) Жирокоптер удри во кабли од жичница во Италија и се запали, двајца мртви

(Видео) Жирокоптер удри во кабли од жичница во Италија и се запали, двајца мртви

пред 3 часа

Драматични снимки го забележија моментот кога жирокоптер удрил во каблите на сервисната жичница, се запалил и се срушил во регионот Пиемонт во Италија. Двете лица во леталото загинале.

Несреќата се случила околу 11:10 часот вчера во близина на вештачкото езеро и браната Кампличоли во високата долина Антрона, во близина на швајцарската граница. Областа е на околу 1.400 метри надморска височина.

Снимките емитувани од италијанската телевизија TG1 го покажуваат малиот авион како лета ниско над планинската област, удира во каблите, а потоа се појавува огнена топка. Потоа жирокоптерот се срушил во основата на браната.

Текстот (Видео) Жирокоптер удри во кабли од жичница во Италија и се запали, двајца мртви е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top