Канадскиот премиер му одговори на Трамп: Езерото се вика Онтарио и ќе продолжи да се вика така

Канадскиот премиер му одговори на Трамп: Езерото се вика Онтарио и ќе продолжи да се вика така

пред 3 часа

Канадскиот ремиер, Марк Карни, денес изјави дека езерото Онтарио ќе продолжи да се нарекува така, откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која им наложи на американските федерални агенции да го нарекуваат Езеро Америка.

„Името е старо повеќе од 400 години и датира и од Канадската конфедерација и од Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави“, продолжи тој.

„Знаеме дека Америка се менува. Нејзините трговски односи, нејзината надворешна политика, нејзините национални споменици, нејзините хидроними“, напиша Карни на X. Хидронимите се имиња на водни тела и водни патишта.

„Канаѓаните, исто така, знаат дека треба работите да ги нарекуваат со нивните висинтски имиња: Езеро Онтарио – тогаш, сега и секогаш“, додаде тој.

Трамп потпиша извршна наредба со која се наложува езерото Онтарио да се нарекува Езеро Америка во документите, мапите и комуникациите на американската федерална администрација.

Иако во моментот на потпишувањето рече дека промената ќе стапи на сила веднаш, наредбата му даде на американскиот секретар за внатрешни работи 30 дена да ја спроведе во соработка со Одборот за географски имиња. Одлуката не ја обврзува Канада или меѓународните институции.

Езерото Онтарио е едно од петте Големи езера во Северна Америка и се наоѓа помеѓу канадската покраина Онтарио и американската држава Њујорк.

фото/depositphotos

Текстот Канадскиот премиер му одговори на Трамп: Езерото се вика Онтарио и ќе продолжи да се вика така е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top