УЕФА го објави комплетниот распоред на лигашката фаза од Лигата на шампионите за сезоната 2026/27, а љубителите на фудбалот можат да очекуваат големи европски судири уште на почетокот на натпреварувањето.
Првото коло ќе се игра од 8 до 10 септември, а едно од дербињата од воведното коло ќе биде дуел помеѓу Реал Мадрид и Интер, додека Ливерпул ќе биде домаќин на Атлетико Мадрид. Наполи ќе го преќека Арсенал.
Прво коло во Лигата на шампионите:
Вторник, 8 септември:
АЕК – ЛАСК
Клуб Бриж – Астон Вила
Борусија Дортмунд – Виљареал
Порто – Манчестер Сити
Лил – Бетис
Реал Мадрид – Интер
Среда, 9 септември:
Барселона – Феенорд
Штутгарт – Викинг
Ливерпул – Атлетико Мадрид
ПСЖ – Слован
Спортинг – Галатасарај
Наполи – Арсенал
Четврток 10 септември:
Фенербахче – Рома
ПСВ – Шахтјор
Комо – РБ Лајпциг
Баерн Минхен – Боде/Глимт
Манчестер Јунајтед – Сабах
Славија Прага – Ланс
Второто и третото коло се закажани за октомври, а веќе на 13 октомври очекуваме голем дуел помеѓу Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Третото коло носи уште неколку атрактивни средби. Пари Сен Жермен ќе игра против Барселона, додека Баерн Минхен ќе го пречека Арсенал во едно од дербињата од тоа коло.
Натпреварувањето ќе биде исклучително возбудливо во ноември, кога се закажани четвртото и петтото коло. Барселона ќе биде домаќин на Астон Вила, Виљареал ќе игра против Пари Сен Жермен, додека Манчестер Сити ќе се соочи со Наполи.
На крајот од лигашката фаза, во текот на декември и јануари, нè очекуваат нови големи судири. Дуелот меѓу Барселона и Манчестер Сити во шестото коло се издвојува, додека Спортинг ќе го пречека каталонскиот клуб во седмото коло.
Лигашката фаза од Лигата на шампионите ќе заврши на 27 јануари 2027 година, по што ќе бидат познати сите учесници во нокаут фазата.
Сезоната 2026/27 ќе донесе голем број натпревари меѓу европските гиганти уште од самиот почеток, а секој од клубовите во лигашката фаза ќе одигра по осум натпревари.
Комплетен распоред за сезоната 2026/2027:
Champions League Fixtures are Released!
Starting with Matchday 1 on 8–10 September!
Detailed % chances at our Page (link in bio)! pic.twitter.com/2fZBSYMvej
— Football Rankings (@FootRankings) August 29, 2026

Champions League Fixtures are Released!
Starting with Matchday 1 on 8–10 September!
Detailed % chances at our Page (link in bio)! 




