Лефков: Талогот на СДС и Филипче очигледно се само специјалисти за марихуана економија со издадени околу 70 лиценци на фирми за канабис

Лефков: Талогот на СДС и Филипче очигледно се само специјалисти за марихуана економија со издадени околу 70 лиценци на фирми за канабис

пред 2 часа

Кога станува збор за талогот на СДС, или ова раководство на Венко Филипче можеме да слушнеме и видиме единствено лаги, клевети, манипулации и ширење паника во јавноста, сега конкретно и за дата центрите.

Филипче и од него поставеното раководство не разбираат очигледно ништо. И покрај многуте објаснувања во јавноста воопшто за дата центрите, како и за тоа што значи приватна инвестиција, а што национален дата центар може да се каже само едно – очигледно ги удрило сонцето и се вклучуваат само по потреба за лични интереси, Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Талогот од СДС и Филипче уште еднаш покажуваат дека не знаат што е национален дата центар, а истиот, оној во Прилеп кој не е основен, туку секундарен го отвори токму владата на СДС.

И во оваа прилика Филипче и ова СДС покажуваат дека знаат само за марихуана економија“.

За ова, како што вели говори фактот што токму во периодот на владата на СДС се издадени околу 70 лиценци за фирми за канабис.

„За глума во јавноста и одзедоа неколку лиценци.

Ова говори за ориентираноста на талогот на СДС и Филипче. За разлика од нив Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи исклучиво за подобар животен стандард и квалитетна животна околина за секој еден граѓанин“.

Текстот Лефков: Талогот на СДС и Филипче очигледно се само специјалисти за марихуана економија со издадени околу 70 лиценци на фирми за канабис е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top