Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Гевгелија посака уште многу проекти како старата чаршија, да бидат реализирани, во периодот којшто следи.
„Убеден сум дека ќе ги реализираме бидејќи овде во Гевгелија, како впрочем и низ цела Македонија имаме амбициозна локална самоуправа без разлика на партиската припадност, ние како Влада ги поддржуваме општините насекаде, низ цела држава.
До сега имаме издвоено како Влада некаде околу половина милијарда евра за проекти, повеќе од 1.200 проекти што се завршени, што се завршуваат, што се отпочнуваат, уште мал дел и ќе се завршат“, кажа Мицкоски.

„Така што очекувам еве до крајот на годината овој проект да биде завршен од децентрализираните средства, од централниот буџет кон општините и веќе во следната година да размислуваме за нови средства коишто ќе ги одвоиме за општините, за реализирање на капитални инвестиции коишто имаат за цел да го подобрат квалитетот на животот на граѓаните.
Ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот за инспиративната работа којашто ја врши како градоначалник, да се заблагодарам на советниците во Советот коишто ја поддржуваат неговата работа, на администрацијата без којашто овие проекти би биле невозможни да се решат, на пратеничката којашто доаѓа од Гевгелија којашто се бори за проект повеќе за Гевгелија и се разбира и за овој дел од Македонија, на колегите од Владата, на министерот за култура и туризам, на потпретседателот на Влада и министер за транспорт, на поранешниот министер за култура и туризам сега национален координатор, на сите институции коишто учествуваа во реализацијата на овој проект и на овие проекти бидејќи без тимска работа реализирањето на вакви проекти е невозможно“, изјави Мицкоски.
Текстот Мицкоски: Целосно е реконструирана старата чаршија во Гевгелија, продолжуваме со работа е превземен од МАКФАКС.




