(Видео) Каранфилова – Пановска: Нема откуп, лозарите мака мачат, со кој образ Мицкоски е на Тиквешкиот гроздобер во Кавадарци?

(Видео) Каранфилова – Пановска: Нема откуп, лозарите мака мачат, со кој образ Мицкоски е на Тиквешкиот гроздобер во Кавадарци?

пред 2 часа

Лозарите во Тиквешијата се соочуваат со сериозни проблеми со откупот на грозјето и ниските откупни цени, а Владата на ВМРО-ОКГ и Мицкоски не презема ништо за да го заштити нивниот труд. Со кој образ Мицкоски денеска е на Тиквешки гроздобер, рече денеска од Кавадарци заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова – Пановска.

„За жал, оваа година Тиквешкиот гроздобер се случува во време кога лозарите се соочуваат со сериозни предизвици за обезбедување откуп за грозјето и за обезбедување на фер цена за нивното производство. Владата на ВМРО-ОКГ и на Мицкоски не презеде апсолутно никакви мерки со кои што ќе ги заштити лозарите и нивниот труд. Со кое лице и со кој образ се прашуваме денеска премиерот Мицкоски е овде на прославата во рамки на Тиквешкиот гроздобер, без претходно да се соочи со лозарите за да му ја кажат нивната мака“, рече Каранфилова – Пановска.

Таа предупреди дека состојбата со Вранецот е особено алармантна и дека времето за реакција истекува.

„Грозјето е по нивите. Лозарите се жалат дека Вранецот, доколку не се откупи во следните 2-3 дена, ќе остане комплетно, родот ќе биде неупотреблив. И затоа ние, СДСМ, сме на страната на лозарите. И ќе предложиме итни мерки, преку законски решенија во Собранието со кои што ќе побараме зголемување на откупната цена и тоа на 28 денари за Вранецот и на 25 денари за Смедеревката, ќе предложиме интервентен откуп, особено за грозјето Вранец, ќе предложиме да се отстрани 8%-ното намалување на откупната цена доколку истата им се плати во рок од 8 дена и ќе побараме за гарантиран откуп за целото грозје оваа година“, рече Каранфилова – Пановска.

Таа реагираше и на повикувањето во полициска станица на советникот на СДСМ во Советот на Општина Кавадарци, Вуко Мелов, поради објава на Фејсбук.

„И бидејќи незадоволството од лозарите, од земјоделците и од сите други групи граѓани секојдневно расте, Мицкоски и ВМРО-ОКГ се свесни за тоа и во такви ситуации немаат што друго да прават, освен што посегнуваат по притисок и по заплашување. Па така, нашиот советник Вуко Мелов во Советот на Општина Кавадарци, синоќа беше повикан во полициска станица заради Фејсбук статус.

Дали уставно загарантираното право на слободен говор станува повторно загрозено? Дали оваа власт на Мицкоски, која што е свесна за сопствениот пад и загубата на гласовите, одново станува режимска со тоа што сите оние кои што алармираат на тоа дека лозарите и земјоделците се загрозени и сите оние кои што мислат поинаку, треба да бидат повикани во полиција?“, праша Каранфилова – Пановска.

„СДСМ е на страната на лозарите, СДСМ е на страната на граѓаните, СДСМ ќе биде и ќе остане со оние кои што ќе се борат за својот труд и за своите права“, порача заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова – Пановска.

Текстот (Видео) Каранфилова – Пановска: Нема откуп, лозарите мака мачат, со кој образ Мицкоски е на Тиквешкиот гроздобер во Кавадарци? е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top